Сопружниците Наим и Мерита Пацоли заедно со нивниот 16-годишен син трагично загинаа откако нивниот автомобил паднал во реката Лепенц на патот од Скопје кон граничниот премин „Блаце“. Во оваа катастрофа, 21-годишниот син на брачната двојка Пацоли, Шкелќими, успеал да излезе од возилото и така да се спаси.
Братот на Мерита, Џавит Висока, зборуваше за несреќата, која го остави во тешка емотивна состојба.
Поранешниот боксерски шампион, Џавит Висока, кажа дека неговата сестра и нејзиното семејство биле државјани на Норвешка, а Мерита и нејзиниот син доаѓале во Косово од Скопје, додека неговиот зет Наим и внук Шкелќими заминале во Македонија да ги пречекаат на аеродромот во Скопје, бидејќи претходно пристигнале во Косово.
Џавит Висока го раскажува критичниот момент како се случила несреќата во Лепенц.
„Семејството, движејќи се од Скопје, пред да стигнат до граница, има тунел во изградба и имаат ставено семафор таму пред тунелот, според полицискиот извештај возило „тигуан“ на лице од Скопје се обидело да претекне на зелено на семафорот, само малку го допрел возилото и бидејќи реката е блиску, паднале“, изјави Висока за весникот „Експрес“.
Тој рече дека автомобилот го управувал синот на парот, 21-годишниот Шкелќими. Семејството во Косово доаѓало на летниот одмор.
„Како и сите иселеници кои доаѓаат во лето, имаат голема куќа во Косово, имаат луксузен живот, летото доаѓаат 2-3 пати“, ги објасни причините за посетата Висока.
На прашањето како е здравствената состојба на Шкелќими, тој рече дека не е добро и вчера (понеделник) ја слушнал веста за смртта на неговите родители и брат.
„Не е добро, имавме и надежи дека ќе се извлечат од реката. Но, кога ги видов труповите, останав без зборови“, изјави Висока.
Џавит Висока кажа дека Шкелќим ја отворил вратата од автомобилот во реката, а потоа некој од минувачите му понудил јаже и така тој успеал да излезе од реката. Но, автомобилот во кој биле неговите родители и брат постојано тонело во водата.
„Ни рече дека позади имало автомобил, но де факто на страна… Откако паднала во реката, колата со тркалата се свртела наопаку и паднала во реката. Кога колата паднала во река, му се отворила вратата и така излегол, изјави чичкото на Шкелќим, Џавит Висока.
Веста за трагедијата во Лепенец самиот Шкелќим му ја соопштил на својот вујко.
Висока им се заблагодари и на сонародниците во Скопје за понудената помош, на министерот за внатрешни работи Џелал Свечла и на КБС и на полицијата.
Мртвите тела вчера пристигнале во Косово, додека погребот е денеска попладне.
Текстот е превзеен од Газета Експрес