Хрватските фудбалери беа поразени од Шпанија во финалето на Лигата на нации на пенали, но без разлика на поразот собраа добра сума на пари.
Хрватскиот фудбалски сојуз наскоро ќе биде „потежок“ за 9 милиони евра, колку што Хрватите добија за второто место во овогодинешното издание на Лигата на нации.
Три милиони повеќе (12 милиони евра) заработи победничката селекција на Шпанија.
Репрезентацијата на Италија која во мечот за третото место ја совлада Холандија со 3:2 ќе добие 8 милиони евра, а Холанѓаните еден милион помалку.
HFS и Vatreni на крајот на годината добија 27 милиони евра, откако во мечот за третото место го победија Мароко.
Парите беа поделени меѓу здружението и сите репрезентативци, што беше договор од претходно, пренесува Н1 инфо.