Пејачката Блета Реџа, попозната по прекарот Бебе Реџа, на концерт во Њујорк ја погодиле со мобилен телефон во главата.
Американската пејачка со албанско потекло настапувала во розов комбинезон и се упатила кон публиката, од каде долетал мобилен телефон и ја удрил право во лице.
Пејачката се тетеравила, се обидела да продолжи да пее, но потоа паднала на колена. Членовите на нејзиниот тим притрчале да и помогнат, пренесува мондо.рс.
Бебе Реџа (33) потоа ја симнале од бина и и била укажана лекарска помош, по што концертот бил прекинат.
„Сите одлично се забавувавме, а потоа некој реши да и гаѓа во глава. Кој би помислил на тоа?!“, „Не ја ни слушам оваа девојка, но кој би направил вакво нешто“, се само дел од коментарите на социланите мрежи.
Нејзината мајка подоцна потврди дека на пејачката и ставиле три конци во болница.
Погледнте го видеото од овој момент.