Автомобил со косовски регистарски таблички паднал во реката Лепенец на патот Скопје-Приштина, јавува ТВ 21.
Несреќата се случила непосредно пред тунелот на овој автопат, каде што се изведуваат работи.
Познато е дека едно лице успеало да излезе од водата, но по останатите три лица, трагаат спасувачките екипи од МВР и пожарникарите.
МВР го потврди инцидентот и соопшти дека во автомобилот имало 4 лица, од кои едното е спасено и пренесено во болницата „8 Септември“, додека потрагата по уште 3 лица продолжува.
„Денеска (17.06.2023 година) околу 15:00 часот било пријавено дека на патот Скопје-ГП Блаце се случила сообраќајна незгода, во која учествувале патничко возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Б од Скопје и сопатничката. БМВ со косовски регистерски таблички управувано од косовскиот државјанин Н.П., кое по несреќата паднало во реката Лепенц. Во возилото БМВ покрај возачот имало и тројца сопатници. Едно лице е извлечено од реката и пренесено во болницата „8 Септември“. Потрагата по другите три лица продолжува“, соопштуваат од МВР.