Сообраќајот на патниот правец Гостивар – Маврово – Дебар е во прекин во двата правци поради протест на жителите од селата во регионот на Горна Река. Според најавите, протестот ќе трае 16 часот.
Колона со возила го попречуваат одвивањето на сообраќајот на влезот во НП Маврово, кај месноста Бунец.
Протестот го организира здружението Преродба на Горна Река, незадоволни од соработката со управата на паркот и неисполнетите барања.
МИА