Не 5.000 странски работници, како што најави Владата туку за најмалку 20.000 треба да се овозможат дозволи за работа, смета новиот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Менди Ќира. Во телевизиско интервју, Ќира рече дека особено недостасуваат работници во градежниот и туристичкиот сектор.
„Македонија, за жал, има одредена квота која не може да се надмине. мислам има 5.000 работници кои мора да се донесат од странство. 5.000 работници се премалку. Сега ни требаат над 20.000 работници, особено во градежниот и туристичкиот сектор. Побаравме од Владата да ја зголеми оваа квота. Очекуваме барем оваа година квотата да се зголеми“, рече Ќира.
Претседателот Ќирa рече дека вакви барања се доставени до земјите од регионот, како Албанија, Косово и Србија.
Сепак, според него, локалните капацитети треба да се искористат максимално и за тоа е потребна институционална посветеност, особено од Министерството за труд и социјална политика.