Филмот „Нешто слатко“ сепак денеска нема да се прикажува пред штипската публика.
Организаторите соопштија дека поради временските услови, проекцијата не може да се оствари според планираното.
-Се трудиме да ги обезбедиме сите мерки и да создадеме пријатна атмосфера за нашите посетители, но времето е нешто што не можеме да го контролираме – информираа организаторите.
Проекцијата е преместена за вторник (20.06) во 20:30 часот.