На скопските клиники деновиве се именувани двајца организациски директори од гостиварскиот регион. Бесим Шаќири на Клиника за максилофацијална хирургија и Ејуп Јахја на Клиниката за неврохирургија во Скопје, пренесува Флака.
Шаќири на чело на Клиниката за максилофацијална хирургија доаѓа по долго професионално искуство во болницата во Гостивар, додека како адвокат беше ангажиран и во Министерството за правда.
Во меѓувреме, на нова функција во Клиниката за неврохирургија доаѓа и Ејуп Јахја, кој има долгогодишно менаџерско искуство. Претходно беше директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство.
Министерот за здравство, Фатмир Меџити најави дека подготвува комплетна реконкструкција на здравствениот систем и Клиниките во Скопје со укинување на организационите директори.