Синоќа во 23.50 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Штип и од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.К.(18) од Штип.
-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дробилки, дигитална вага и други предмети. Лицето било задржано во полициска станица, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото: Архива