Претседателот Стево Пендаровски објасни зошто не може да се исполни едно од трите барања на опозициската ВМРО ДПМНЕ – одложената примена на уставните измени, како услов да гласа за нив и влез на Бугарите во Уставот. Пендаровски кажа дека и тој би сакал да може да се оствари барањето на опозицијата, која е во право со дополнувањето на нејзините предуслови предуслови, особен за одложеното детство, односно да важат уставните промени од влез на Македонија во ЕУ.
-Тоа е апсолутно надвор од реалноста иако и јас би сакал таков нешто. Заклучокот на Советот на Европа е кристално јасен – прво да се направат уставните промени пред скрининг процесот, за потоа по автоматизам да продолжиме со втората конференција или отворањето на кластерите. Во тие заклучоци е вграден и ставот на Бугарија со останатите земји членки на ЕУ. Треба да имаме нови заклучоци, а знаете колку тешко дојдоа во тоа време до консензус за да може да разговара воопшто дека се можни уставните измени денес, па да има дејство одложи 1,2 5 годни, колку е потребно. Тоа е сосема нереално тоа го знаат сите . Се надевам дека тоа не е барање изговор на опозицијата колку да се каже нешто за не се влезе во уставните промени, изјави Пендаровски.
Претседателот рече дека бил изненаден кога слушнал дека ВМРО ДПМНЕ сака да биде дел од владата со пет ресори, ако се исполнат нејзините барања и од позиција на влада да гласа за уставните промени, затоа што за уставните промени, како што рече, може да гласате од позиција на опозиција за уставните промени.
Овие ставови беа искажани на средбата на Пендаровски со неговата словенечка колешка Наташа Пирц Мусар, која кажа дека и Словенија имала уставни измени пред влезот во ЕУ, иако тие измени се однесуваат на овозможување на странци да купуваат имот во земјата.