Во кумановскиот огранок на Алијанса за Албанците деновиве дошло до пресметка меѓу членовите, која кулминирала со тепачка, при што биле употребени и столчиња во партиското седиште, пишува Коха.
Според медиумот, причина за овој инцидент биле партиски вработувања, додека меѓу инволвираните е и заменикот од оваа област.
Наводно, не само во Куманово, туку и во многу други ограноци има во Алијанса, бидејќи и по 100 дена во Владата вработеноста е речиси нула. Кога пишува дека по последните случувања на политичката сцена можно е Алијанса дури и да ја напушти владата.
Лидерот на АА, Арбен Таравари изјави дека во текот на неделата ќе ги испитаат новите случувања на политичката сцена и ќе одлучат како ќе постапуваат во иднина.