Стабилна е состојбата во Прилеп по вчерашното невреме проследено со пороен дожд и грмотевици. Најинтензивно беше околу 14 и 15 часот кога поради поројните врнежи атмосферската канализација не можеше одеднаш да ја прими водата, па улиците наликуваа на реки. На излезот од овој град кон Битола, по патот имало метар вода.
Како што информираат од Противпожарната единица, граѓани од населбите Варош и Тризла пријавиле поплавувања, па интервенираа во неколку наврати за да се испумпа водата во подрумите и приземни простории.
Пријавени беа и две поплавени возила на излезот од Прилеп, Таму заглавиле две возила, а противпожарната служба интервенирале за да ги извлечат. Како што вели командирот на противпожарната, во едното возило имало двајца патници, во едното еден, а третиот бил камион со приколка, со стока, односно овци.
Дополнително се интервенирало и во една куќа зафатена од пожар, а поплавени се неколку објекти во Тризла и населбата Варош.
Во куќите имало неколку искрења на жици. Екипите на прилепски Водовод ги исчистија улиците од наноси веднаш по поројните дождови и ситуацијата е стабилна.
По силниот пороен дожд, заради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количества вода, дојде до поплавување на делови (пониските) од улиците во централното градско подрачје.
Пред десетина дена, Прилеп исто така беше зафатен од невреме, а поради натрупано ѓубре во коритото на реката поплавени беа улиците и објекти во населбата Тризла.
Од тогаш, екипите на „Комуналец“, го исчистија целото корито покрај реката што поминува низ градот.