Возилото со кое беше прегазена 42-годишната жена во Прилеп изминатиот петокот (09.06), било управувано од Д.П.(26) од село Славеј, прилепско, а не од неговиот татко Р.П.(54), како што самиот изјавил при пријавувањето во полицијата. Момчето возејќи автомобил „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки удрил во велосипедистката и ја напуштил државата. Додека синот поврзал да замине во странство, таткото ја презел вината наместо него. Меѓутоа, истрагата открила поинаква приказна.
„На 09.06.2023 година околу 19:45 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп, пријавениот со автомобил „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп и ја напуштил државата. Од здобиените повреди починала на лице место. Потоа во полициска станица неговиот татко Р.П.(54) пријавил дека тој самиот управувал со автомобилот, но по преземени мерки било констатирано дека возилото го управува неговиот син Д.П. Тој е уапсен и на службен разговор го признал делото, соопшти МВР.
Д.П. е обвинет за предизвикување опасност во сообраќајот, при што животот го загуби 42-годишна жена.