Речиси половина од населението (46 проценти) верува дека мажите имаат поголемо право на работа и речиси исто толку (43 проценти) веруваат дека мажите се подобри директори на компании. Една четвртина од населението верува дека е во ред мажот да ја тепа својата сопруга, а 28 проценти дека факултетот е поважен за мажите.
Нема напредок во изминатата деценија во намалувањето на сексистичките предрасуди кои се вкоренети во општеството и покрај кампањите за промовирање на правата на жените, како што е движењето MeToo, стои во извешајот ОН.
И за мажите и за жените, „социјалните норми засновани на родови стереотипи се широко распространети низ светот: речиси 90 отсто од населението има барем една сексистичка предрасуда“ од седум анкетирани од Програмата за развој на ОН (УНДП).ж
Овие „стереотипи се широко распространети меѓу мажите и жените, што укажува на тоа дека тие се длабоко вкоренети и подеднакво ги погодуваат мажите и жените“, се наведува во извештајот.
УНДП, користејќи податоци од Истражувањето на светските вредности – меѓународен проект за промена на вредностите и верувањата во светот кој опфаќа 80 земји со 85 отсто од светското население – го ажурираше својот индекс на општествени норми за полот, кој вклучува политички и економски димензии и се однесува на образованието и физичкиот интегритет.
Тој индекс не покажува „ никакво подобрување на предрасудите кон жените во последните десет години“, „и покрај големите светски и национални кампањи за правата на жените“, како што е MeToo , посочува УНДП. На пример, речиси половина од светската популација (49 проценти) сè уште смета дека мажите се подобри политички лидери од жените, а само 27 проценти мислат дека е важно за демократијата жените да имаат исти права како и мажите.
Ваквите стереотипи се „пречка“ за жените и водат до „кршење“ на нивните права. „Ако не ги потиснеме таквите општествени норми, нема да постигнеме еднаквост меѓу мажите и жените и целите за одржлив развој“, се предупредува во извештајот. Оваа стагнација на стереотипите всушност се случува во време на опаѓање на човековиот развој воопшто и е поврзана со пандемијата на Ковид-19.
„Општествените норми кои ги ограничуваат правата на жените се штетни за општеството како целина бидејќи го попречуваат напредокот на човековиот развој“, коментираше во изјавата Педро Консеиао, директор на Канцеларијата за следење на човечкиот развој на УНДП. „Сите ќе имаме корист доколку се гарантираат слободата и правата на жените“, посочи тој.