И изминатата ноќ неколку лица ја поминаа ноќта пред Владата, како најава на денешниот социјален протест под мотото ,,Социјална правда, без дискриминација”, преку кој се бара зголемување на примањата на лицата со попреченост за 78 проценти. Тоа е истиот процент, за кој функционерите си ја зголемија својата плата. Пораката од протестот е покрај за лицата со попреченост, зголемувањето од 78 отсто да се однесува и пензиите и платите на сите граѓани.
-Ние бараме права правда за сите граѓани! Зголемување на примањата за 78 проценти, исто како што политичарите сложно си ги зголемија своите примања. Не сме жртви, туку сме борци, затоа ги повикуваме сите кои се гледаат себе како борци да ни се придружат на протестот. Ова не е партиски протест, туку граѓански протест за чест, правда, достоинствен живот за сите нас. Ние остануваме пред Влада и продолжуваме со борбата, е пораката од граѓанските активисти.
БАРАЊА ДО ЦЕНТРАЛНА ВЛАСТ:
– МТСП –
1 Додатокот за попреченост за деца и возрасни да се покачи за 78%,
2 Личната асистенција за лица со попреченост да се зголеми од 80 часа на 160 часа месечно,
3 Родителите на деца со попреченост кои работат 4-ри часа, Државата остатокот од платата кој го покрива да биде согласно примањата, а не согласно просечната плата.
– ПРАВДА –
1 Формирање на институција НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ за лица со попреченост,
– ОБРАЗОВАНИЕ –
1 78% образовни асистенти за деца со попреченост,
2 78% пристапна програма адаптирана по мерка на детето со попреченост,
3 78% стручни тимови во образовните институциите за деца со попреченост,
– ЗДРАВСТВО –
1 Ортопедските помагала (ПАМЕТНОТО СТАПЧЕ, МЕРАЧОТ ЗА ШЕЌЕР, МЕРАЧ ЗА КРВЕН ПРИТИСОК, ТОПЛОМЕРОТ) за лица со оштетен вид, веднаш да влезат во програмата на Министерството за здравство во првите две години додека се вметне на товар на фондот,
2 Формирање на велнес рехабилитациони центри за деца и лица со попреченост,
БАРАЊА ДО ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ:
1 Пристапни детски игралишта,
2. lПристапен паркинг за лица со попреченост,
3 Пристапни пешачки патеки за лица со попречен вид и телесна попреченост,
4 Пристапни патеки за лица со оштетен вид и телесна попреченост,
5 Пристапен јавен превоз за лица со попреченост,
6 Говорен Семафор за лица со оштетен вид.
Напомена:
Македонија ја има ратификувана конвенцијата на правата на лицата со попреченост на ОN во 2011 година, по што е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост.