Во Министерството за здравство нема никаква пријава за случајот со детето Мемет Камбер, информира министерот за здравство Фатмир Меџити.
Одговарајќи на новинарско прашање за случајот со младиот, Мемет Камбер рече дека до службите во Министерството не стигнало никаква пријава за конретниот случај.
– Службите проверија, нема ништо такво пријавено во Министерството за здравство. Не знам сега дали треба во Министерството за труд и социјална политика да се провери. Во нашето Министерство нема пријавено ништо за таков случај и службите ме известија со тоа само што го слушнавме од медиумите, изјави министерот.
Мемет Камбер, продавач на магазинот „Лице в лице“,почина на 19-годишна возраст на КАРИЛ, тој немал можност да прави здравствени прегледи, бидејќи немал документи за лична идентификација.