Под мотото „Гласни и горди” годинава по четврти пат ќе се одржи Парада на гордоста, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.
Четвртото издание на Парадата на гордоста – Скопје ќе се одржи во последната сабота од јуни, а програмата од оваа година ќе содржи и неколку новини.
-Парадата на гордоста е исклучително важна форма на протест на ЛГБТИ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството, а медиумската поддршка е од суштинско значење во борбата за еднаквост на маргинализираните групи. Минатите изданија на Прајдот покажаа дека најголемиот дел од медиумите известуваа за настанот согласно професионалните и етички новинарски стандарди и се надеваме дека позитивниот тренд на информирање за ЛГБТИ + темите низ призмата на човекови права ќе продолжи и оваа година, велат од организацијата.