На онкологија сега има терапија и сите пациенти се покриени. Ние превентивно преземаме мерки, за да не доаѓаме во тешки ситуации да нема лек – изјави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити во врска со реакциите од пред извесно време за недостиг на лекови на Клиниката за онкологија.
„Морам да споделам и да кажам дека тоа не е на ниво на нашата држава, тоа е на ниво на светот – недостига таа дефицитарна материја и такви проблеми очекуваме“, изјави Меџити, додавајќи дека во таа насока работите сега се подобрени.
Меџити смета и дека има подобрување во однос на термините за закажување.
Контролори и инспекции се на терен, има подобрување во врска со термините, одговори Меџити во однос на поплаките за немање термини за прегледи.