Се извинувам, прашањата упатувајте ги само кон мене, рече адвокатот на Христијан Пендиков, кој дојде во Охрид на судско рочиште.
Адвокатот на Пендиков рече дека одбранта има право да побара одлагање затоа што имало дополнување на медицинското вештачење.
-Прочистување на снимката е побарано, но такво нешто не било можно. Точно е дека постои уште еден напаѓач, две лица го тепале оштетениот, тоа се гледа ина снимката. Понатаму постапката ќе продолжи, а со каков тек ќе видиме. Во секој случај тврдењата на одбраната паѓаат во вода, речеадвокатот, кој на новинарско прашање на кој јазик Пендиков ќе го дава исказот, тој рече:
-Исказот ќе го дава на македонски јазик. Тој тука е роден, завршил односно, значи одличного владее македонскиот јазик. Ќе биде тука и за следното рочиште најверојатно. Се уште му трае лекувањето, повредите на пршлените на рбетот се уште не му се заздравени и патувањето му претставува потешкотии, додаде адвокатот.
Но, сепак, на крајот и самиот Пендиков додаде две реченици:
-Сега сум подобар, имам два пукнати пршлени и се надевам декаќеможам да дојдам на следното рочиште, рече тој и додаде:
-Не се плашам што сум тука, но, сепак, не е убаво чувството да добиваш по 30 пораки со закани по живот и пцуења, рече тој и не сакаше да одговори на прашањето зошто од ова е доведено до политички скандал.
Судењето во судот воОхрид за тепањето на Христијан Пендиков, поранешен секретар на згаснат бугарски клуб, е одложено поради доставен нов доказ на обвинителството против обвинетиот Илија Спасески.