Во раните утрински часови беспилотни летала оштетија станбени згради во југозападниот дел на Москва. Исто така, еден дрон удрил во куќа на улицата Атласова.
Според градоначалникот на главниот град, Сергеј Собјанин, две лица побарале лекарска помош, но не им била потребна хоспитализација. Жителите се привремено евакуирани. На социјалните мрежи беа објавени видеа од нападот, како и од зградите кои беа оштетени за време на бомбардирањето, пренесува јутарњи.хр.
Moscow City Officials have announced that Air Defense Batteries were able to Shoot Down at least 10 Drones which were Detected over the City within the last few hours, with Damage from Debris and “Successful Impacts” affecting multiple Residential Buildings; it was additionally… pic.twitter.com/oSKgOIR8E4
— OSINTdefender (@sentdefender) May 30, 2023
Московскиот гувернер Андреј Воробјов изјави дека се уште не се знае кој ги лансирал беспилотните летала и кој ги контролирал, пишува Јутарњи лист.
Московските власти објавија дека противвоздушната одбрана успеала да собори најмалку 10 беспилотни летала кои летале над градот, со видливи оштетувања на неколку станбени згради.
#Russian media shows the location of an alleged drone strike near the 25th floor on Atlasova Street in New #Moscow. pic.twitter.com/Y93sNL0W95
— NEXTA (@nexta_tv) May 30, 2023
Се вели дека службите за итни случаи моментално се на местото на најмалку еден пожар, иако сè уште нема информации за повредени.
Неколку руски Телеграмски канали потврдија дека меѓу четири и 10 беспилотни летала биле истрелани рано во четвртокот додека се движеле кон Москва и областа околу градот.