Христијан Пендиков, генералниот секретар на бугарскиот клуб во Охрид, кој неодамна со сите почести стана бугарски државјанин, претпладнето се појави во охридскиот Основен суд на судењето на неговите напаѓачи од 19 јануари. Пендиков влезе преку спореден влез, со што ги избегна новинарите и можноста да се соочи со јавноста прв пат од неговиот итен транспорт по нападот, организиран од страна на бугарската власт.
Пендиков е повикан од Основниот суд во Охрид да сведочи и да го опише нападот.
На последната рочиште, Илија Спасески, кој е еден од напаѓачите, изјави дека „го разбира обвинението, но не се чувствува виновен“.
Додека се води судскиот процес за физичкиот напад, Пендиков може да се соочи со друг процес, покренат од партијата Левица, која поднесе кривична пријава против него.
Во пријавата се наведува дека Пендиков во телевизиско интервју го клевети и излага на подбив македонскиот народ и го обвинува за повреда на угледот на Македонија, а со интервјуто предизвикал омраза и раздор по национална основа.