Законот за работни односи не ја содржи оспорената одредба од Уставниот суд, која го уредува работењето на секој вработен по 60 часа неделно во текот на годината, поради што Претседателот Стево Пендаровски одлучил да ги потпише указите на сите пет закони за коридорите, познати како закони за Бехтел и Енка.
-Во однос на Законот за именувањето и дополнувањето на Законот за работните односи, сакам да ја информирам јавноста дека текстот на усвоениот закон не ја содржи оспорената одредба од Уставниот суд, која предвидуваше дека работното време на секој работник може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината. Изминативе месеци дадов изјави дека нема да потпишам указ за прогласување закон што содржи одредба која претходно е оспорена од Уставниот суд и во таа насока новиот закон не ја содржи формулацијата 60-часовна работна недела. Изминативе денови направив низа консултации со експерти од областа на трудовото право, со поранешни судии од Уставниот суд и со советниците во мојот кабинет. Донесов одлука да го потпишам указот за донесување на овој закон и на другите 4 закони“, изјави Пендаровски.
Пендаровски упати на Уставниот суд, за кој како што рече, има механизми да реагира на она што ќе оцени дека е неуставно.