Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба и од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска околу 9:30 часот на подрачје на Гази Баба, го лишиле од слобода Д.К. од Куманово, кој утрово избегал од затвор.
-Тој бил фатен веднаш откако со закана со пиштол одзел пари од вработен во спортска обложувалница на ул.„Благоја Стефковски“. Инаку, тој утрово побегнал од Казнено-поправната установа Затвор Идризово каде што издржувал затворска казна, а при лишувањето полициските службеници испукал еден предупредувачки куршум. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната, соопшти МВР.