На Светскиот ден на метрологијата се обрати директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ-Селам Селами, кој покрај објаснувањето за значењето, достигнувањата и плановите на ова Биро меѓу другото рече и дека тој до пред некое време мислел дека ова е наука за времето.
Во својот говор Селами рече:
-Метрологијата е наука за мерењата, метрологијата нема врска со временска прогноза во која што и јас, очигледно да ви кажам, до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето, рече директорот Авдуљ-Селам Селами, директор на Бирото за метрологија.
Селами по професија е дипломиран правик, а негово прво вработување било инспектор во УЈП. Потоа станал заменик директор на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието и рурален развој, заменик директор на Управа за јавни приходи, бил член на Управен одбор на Универзитетска клиника за невролоија и член на Управен одбор на ЈП „Улици и патишта“-Скопје.
Погледнете ја целата прес конференција по повод Светскиот ден на Метрологијата: