Музичко брачната двојка Филип Нуне и Мими Јовановска станаа родители.
Утрово во приватна болница се роди нивниот син, нивната прва радост. По желба на двајцата родители бебето ќе се вика Никола.
-Се’ помина во најдобар ред. И бебето и Мими се чувствуваат убаво. А јас? Јас не можам да ја опшишам среќата, не се опишува. Некое чудно чувство кое не може да го објаснам, вели среќниот татко Филип за ММС.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2023/05/нуне-никола-576x1024.jpg)
Мими е исто така пресреќна, но и преморена од неспиење. Но, како што вели ова се слатки маки.
Никола се роди тежок 3.200 килограми, долг 48 сантиметри и како што велат среќните родители, името го одбрале заеднички.
-Сакавме нашата прва радост да се вика Никола, бидејќи имаме и слава на тој христијански празник. Затоа ни беше и заедничка желба. Не можеме да кажеме се уште на кого личи. Но, ќе покаже времето. А и не е важно на кого личи, важно е да е живо и здраво, велат среќните родители.
Мими и Филип се скоро две години во брак. Претходно се забавуваа неколку години и решија љубовта да ја крунисаат со нивното прво чедо.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)