„Не треба ништо, имам и јас мајка дома“ – со овие зборови белградски таксист одбива да ја земе банкнотата што му ја подава бабичка, која се вози со пријателката на задното седиште.
-Девојки, во ред е, не треба ништо за возењето, симпатични ми сте, им вели таксистот на патничките.
Бабичката инсистира со зборовите:
-Ама зошто?! Еве, колку години имам, ова ми се нема случено, со насмевка му одговара бабичката.
Видеото што го сподели сопругата на популарниот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена, со споделува со многу позитивни коментари.
Да, навистина има добри луѓе.
видео: Инстаграм Милорад Рафајловиќ