На меѓународниот ден на џезот е закажано Седмото издание на фестивалот „Денес сѐе џез“ ( Today It’s All About Jazz) во организација на Здружението за џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ). Настанот почнува во 13 часот во паркот Ибни Пајко, со детска работилница која ќе ја води пијанистот и композитор Гордан Спасовски, а во рамките на целодневниот џез хепенинг.
Следи програма во која настапуваат младински џез состав со Петар Марков – Маруш (гитара), Давид Ѓоргиев (тапани) и Симеон Будро (бас), потоа следуваат настапите на Филип Динев Трио (Динев, Тилман Обербек и Јан Цамец), квартет „Акварела“, Никола Бочваров Квартет, Биг бендот на ЗЏМ со проект „Запа“, Јуре Пукл Орган трио и Адедеџи „Јорува Одисеја“.
Доколку заврне, локацијата останува иста, но ќе има шатори.
Денот на џезот, е востановен во ноември 2011 година од страна на УНЕСКО за да се нагласи улогата на специфичниот стил на музика во современиот свет. Датумот го објавија генералниот секретар на организацијата и Херби Хенкок – легендарен џезмен, амбасадор на УНЕСКО за меѓукултурен дијалог и претседател на Институтот за џез Телониус Монк.
Херби Хенкок е една од главните фигури во историјата на џезот.
Во 2012 година, Меѓународниот ден на џезот беше признат и од Обединетите нации.
Целта на Меѓународниот ден на џезот е да ги собере заедниците, училиштата, уметниците, музичките историчари и љубителите на џезот од целиот свет за да го прослават непроценливото културно наследство на џезот. Неговата улога е да ги обедини со само неколку луѓе кои на прв поглед немаат ништо заедничко, честопати целосно тивко изразувајќи ги врските меѓу нас кои не можеме да ги искажеме со зборови.
Џезот го има овој придонес во музиката, да придонесе на најдиректен начин за унапредување на човековите права, еднаквоста и толеранцијата, затоа што некои од најдобрите музичари се обоени луѓе, доаѓаат од малцинства и гета, а се’ што имаат се вибрациите, музиката.
UNESCO е домаќин на Глобалниот концерт на Ол-стар што денеска ќе се емитува низ целиот свет на интернет во 16 часот по EDT/13 часот по средноевропско време/22 часот по средноевропско време на jazzday.com , unesco.org и hancockinstitute.org . Меѓународниот ден на џезот ќе се пренесува во живо на YouTube и Facebook .
Концертот ќе има изведби во 12 градови истовремено: од Пекинг, Бејрут, Казабланка, Јоханесбург, Марондера, Париз, Рио де Жанеиро, Виена, Фербенкс, Њујорк, Сан Франциско и Вашингтон.