Директорот на Здравствен дом – Скопје, Вулнет Селими најави санкции за дел од вработените во Поликлиниката Драчево, бидејќи пуштале прегласна музика. За ова, Селими информираше преку објава на социјалната мрежа Фејсбук, наведувајќи дека ова следува откако била објавена видео снимка на која се слушаат песни.
-По објавувањето на видео снимка од внатрешноста на поликлиниката Драчево, на која се слушаа песни со исклучително висок глас, што е надвор од секоја етика и прописи, пред неколку моменти ја посетив оваа поликлиника. Одговорниот лекар ми потврди дека таа сцена се случила минатиот четврток, оправдувајќи ја по повод пензионирањето на вработен на Клиниката, што и според него е над нормалното – посочува Селими.
Според него, за овој пропуст ќе бидат преземени дисциплински мерки и против управителот на клиниката и против дежурниот лекар одговорен на денот кога се случила оваа сцена.
-Ваквите сцени не можат да се толерираат во амбиенти каде што луѓето одат да ја добиваат потребната медицинска помош – додава тој во објавата.