Хрватскиот портал Индекс.хр пишува дека министерот за одбрана Марио Баножиќ во средата бил во Одеса, каде зборувал за тоа како очекува „наскоро“ да пристигнат во таа земја 14-те транспортни хеликоптери што Хрватска и ги донира на Украина, а неговиот украински колега Олексеј Резников изјавил дека се разгледува можноста за обуката на украински инструктори за деминирање во Хрватска.
Својот говор на прес-конференцијата Баножиќ го читал од хартија, а цело време се мачел со англискиот јазик, пишува Индекс.хр.
Порталот, кој објави и снимка од говорот на хрватскиот министер, наведува дека Баножиќ во неколку наврати изговарал погрешни зборови, бидејќи веројатно не ни знаел да ги прочита.
Министерот на почетокот рекол: “Croatia and Croatian people stance with Ukraine.” „Хрватска и хрватскиот народ стојат со Украина“. Потоа рекол дека е “konfizanc” дека Украина ќе биде победник.
„Претпоставувам дека сакаше да каже “confident”, односно уверен.
Погледнете го говорот на министерот: