Северина е прогласена за виновна од судот во Загреб и е казнета за прекршок за навреда на социјалните работници.
Како што неофицијално дознава 24сата, Северина во своја одбрана негирала вина и има право на жалба. Законот предвидува:
-Тој што ќе навреди или навредува државни органи или службени лица при вршење или во врска со извршување на нивните должности или нивни законски наредби, ќе се казни за прекршок со парична казна во износ од 20,00 до 100,00 евра или со затворска казна до до 30 дена.
Според обвинението, Северина минатата година на Денот на вљубените го навредувала социјалниот работник во Центарот за социјални грижи „Максимир“. Центарот за социјални работи до СВР во Загреб за навреда и омаловажување службено лице поднесе пријава за нарушување на јавниот ред и мир.
Според пријавата, пејачката се јавила во Центарот за социјални работи и „вербално и агресивно се однесувала кон социјалниот работник во случајот“.
Според сведочењето на социјалната работничка, Северина не бирала зборови во разговорот со неа.
Социјалната работничка пред судот изјавила што и кажала Северина.