Судот на Европската унија го отфрли како недозволиво барањето на Европската комисија против Бугарија за парична казна од 15,5 милиони евра, затоа што не презела мерки и не го подобрила квалитетот на амбиенталниот воздух. Пресудата беше донесена денеска, врз основа на наводите од Европската комисија, која смета дека Бугарија не презела доволни добри мерки за да го ублажи загадувањето и не ги исполнила сите преземени обврски наложени од Комисијата. Поради тоа, ЕК бара Судот на Европската унија да и’ наложи на Бугарија да и плаќа на Комисијата паушален износ од 3.156 евра дневно, почнувајќи од датумот на доставување на пресудата од 5 април 2017 година. Исто така, барањето до Судот е Бугарија да и’ плаќа на Комисијата периодична имотна санкција во износ од 5.677,20 евра дневно за секоја зона за квалитет на воздухот.
Судот на ЕУ го отфрли тужбеното барање против Бугарија и санкциите нема да бидат платени. Но, оваа одлука не е поради тоа што целосно било докажано од Бугарија како земја членка на ЕУ ги презела потребните мерки за да го намали загадувањето по посочените региони. Во одлуката Судот на Европската унија го одбива барањето на ЕК да се казни Бугарија поради тоа што како што стои во одлуката, „писмото за формално известување не бара и prima facie (на прв поглед) со потребната јасност го утврдува потребниот предуслов“.
– Имено, со пресудата од 5 април 2017 година, Комисијата против Бугарија (C‑488/15, EU:C:2017: 267) , сè уште останува да се исполни бараното. Комисијата невалидно тврди дека Република Бугарија не ја исполнува обврската да преземе мерки за спроведување на оваа судска одлука, стои во пресудата.