Имате ли информации кои високообразовани кадри најтешко доаѓаат до вработување? Во кои струки имаме презаситеност, а во кои дефицит?
-Ние се фокусиравме на тоа каде се најмалку платените работни места и каде се најтешките. Најтешкото доаѓање до вработување е таму каде што има најголем број кадри, тоа се највеќе општествените науки и тоа се во огромна мера оние коишто се најмалку платени. Тоа се заштитните дејности, одржувањето на згради, потоа статистиката тоа го бележи и во делот на производство на облека, мебел и така натаму. Тие се најслабо платени струки, а најплатени се луѓето од ИТ индустријата, осигурување, но и банкарство.
Во исто време зборуваме за една ситуација во која многу повеќе доаѓа до прашање дефицитот на кадри и на професии коишто се сега потребни и актуелни отколку послабо платените работни места и тоа е нешто на кое државата мора да посвети внимание. Мора да го разгледа, да го прифати и да го презентира пазарот на труд, но во исто време и да гледа напред. Најголемиот проблем е секако сиромаштијата. Многу луѓе имаат свои квалитети и способности, но поради слабата економска ситуација во која се наоѓаат не можат да бидат чинители на пазарот на труд, немаат знаење.
Во кои области компаниите најмногу се соочуваат со проблемот на дефицит на кадар?
-Речиси и да немаше компанија која беше вклучена во истражувањето и којашто не кажа дека во секој сегмент се соочува со недостиг на квалификувана работна сила. Тоа јасно кажува дека е потребна брза, стратешка и ефикасна промена на системот на образование и промена на системот на труд. Сите без исклучок детектираа дека професии коишто им требаат, не можат да ги најдат.
Каква е улогата на невладиниот сектор во надминување на ваквите состојби?
-Улогата на граѓанскиот сектор е всушност да соработува, затоа што соработката не значи дека вие сте на некоја страна. Не соработуваме со политичарите, соработуваме со институциите, а тоа значи со луѓето на јавни функции кои се платени и изгласани од страна на секој од нас, со цел да ги менаџираат јавните пари во одреден период. Тоа е улогата на граѓанскиот сектор – да соработува, но и да критикува и да дава предлози и да бара да бидат спроведувани. Невладиниот сектор не може да биде обичен апликант којшто ќе обезбедува проекти, туку да биде коректив на власта, да критикува и да креира заедно со властите.
Вања Мицевска