Дојава за бомба пред половина час пристигнала во ОУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево, но и во уште 33 основни училишта во Скопје.
-Денеска (07.02.2023) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
. За да не настане паника, дел од родителите за ММС од училиштето „Кузман Шапкарев“ велат дека учителките ги повикале да си ги земат децата. За да не настане паника на помалите деца им рекле да ги остават ранчињата и да излезат надвор, но на поголемите им објасниле за што станува збор.
Децата се пуштени дома, а екипи на МВР веќе го проверуваат училиштето.
-Сега пред половина час на мејл стаса пораката за бомба. Децата се пуштени дома, а ние чекаме да се провери, ни рекоа од училиштето.