Како ја доживувате празничната магија во овој период? Дали уживате во украсувањето на домот, можеби правите колачиња…?
-Единственото нешто поради кое што ја сакам зимата се овие празници, празничната атмосфера, украсувањето и топлината во домот. Можеби не е пожелно да излегуваме, да се мешаме со луѓе и треба да ги избегнуваме гужвите, но во овој период мислам дека и не е тоа толку важно, бидејки околу празниците магијата е секогаш во домот -во топлиот чај, во топлината што ја носи семејството собрано на едно место, надополнета со сите украси, светилки, елки, дедо мразовци… Секоја година едвај чекам да почнам да украсувам, повеќето украси сама ги правам, можам со часови да седам и да правам новогодишни венци, свеќници, украсни чинии итн итн. Секако тука се и новогодишните колачиња од ѓумбир украсени како елки, лампиони и снешковци. Уживам во нив, посебно во овој период од бременоста во кој ми е дозволено и едно повеќе од вообичаено.
Многу ваши колеги јавно споделија дека им недостасува сцената, бидејќи тешко е кога на уметниците им се скратуваат можностите да творат. Каков е вашиот професионален ангажман овие месеци, што ви недостасува најмногу, дали ви фали контактот со публиката?
-Ми недостасува се’. Со оглед на тоа дека бремените жени спаѓаме во загрозена група на граѓани, кои не одат на работа и работат од дома, ми недостасува дури и самиот ритуал да излезеш од дома секој ден и да одиш нешто да сработиш, без разлика дали сум на проба или на синхронизации или на снимање. Секојдневието ми се промени во целост, дел поради пандемијата, дел поради самата бременост. Повеќето театри не работат се’ уште. Поради бременоста не можев да одговорам на повикот да си ги играм претставите или да учествувам во нови претстави или да сум дел од снимање… Ми недостасува се’, но гледам многу позитивно на целата моја новонастаната состојба, конечно се наспав. Хахахаха. Работата си е тука, театарот ќе опстои, тој секогаш наоѓал начин да преживее во тешки времиња. Уметноста ќе излезе како победник од се’ ова, со многу материјал за творење во иднина. Од една страна не пропуштам многу, бидејки и не се случува многу, а од друга страна до срж ми недостасува макар и да одам да поуживам во некоја претстава. Ми се гледа претстава, ми се оди во кино, ми се оди на концерт, ми се игра, ми се пее, но сега ќе треба да станам мајка и тоа го чекам најмногу од се’. На с
Многу ваши колеги јавно споделија дека им недостасува сцената, бидејќи тешко е кога на уметниците им се скратуваат можностите да творат. Каков е вашиот професионален ангажман овие месеци, што ви недостасува најмногу, дали ви фали контактот со публиката?
-Ми недостасува сѐ. Со оглед на тоа дека бремените жени спаѓаме во загрозена група на граѓани, кои не одат на работа и работат од дома, ми недостасува дури и самиот ритуал да излезеш од дома секој ден и да одиш нешто да сработиш, без разлика дали сум на проба или на синхронизации или на снимање. Секојдневието ми се промени во целост, дел поради пандемијата, дел поради самата бременост. Повеќето театри не работат сѐ уште. Поради бременоста не можев да одговорам на повикот да си ги играм претставите или да учествувам во нови претстави или да сум дел од снимање… Ми недостасува сѐ, но гледам многу позитивно на целата моја новонастаната состојба, конечно се наспав. Хахахаха. Работата си е тука, театарот ќе опстои, тој секогаш наоѓал начин да преживее во тешки времиња. Уметноста ќе излезе како победник од сѐ ова, со многу материјал за творење во иднина. Од една страна не пропуштам многу, бидејки и не се случува многу, а од друга страна до срж ми недостасува макар и да одам да поуживам во некоја претстава. Ми се гледа претстава, ми се оди во кино, ми се оди на концерт, ми се игра, ми се пее, но сега ќе треба да станам мајка и тоа го чекам најмногу од сѐ. На сѐ друго многу скоро ќе се вратам и јас, а и светот, верувам.
Пред крај на една непосакувана година и пред почеток на година полна со нова надеж, какви ви се новогодишните желби?
Да се чуваат, да си го чуваат своето и здравјето на другите. Да бидат силни. Да издржиме. Да бидеме послушни за поскоро да помине. Да носат маски, да почитуваат препораки. Да си направат дома да им биде како од бајка, да уживаат во домашната атмосфера, да се гушкаат со најсаканите, зашто тоа ни недостасуваше на сите во оваа година. Посакувам многу прегратки, насмевки, позитивни мисли… Да ја заборавиме што поскоро старата и да ја дочекаме со една убава енергија новата година, а таа да ни ја врати слободата што ни е одземена.
Вања Мицевска