Го променила начинот на исхрана и акните исчезнале! Фитнес инструкторка поминала низ ужасен период
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/5/22 1:23 PM

Го променила начинот на исхрана и акните исчезнале! Фитнес инструкторка поминала низ ужасен период

Фитнес инструкторката, Сара Хечинсон од Манчестер не смеела да излезе од дома откако лицето и останало унакезено со акни, поради што нејзината самодоверба била значително уништена. Освен дамките и раните кои ѝ се појавиле поради големите акни, ѝ се појавил осип кој се проширил преку образите, па сѐ до вратот, а го зафатил дури и пределот околу очите. Поради изгледот таа почнала да се срами од самата себе и престанала да излегува од мене.

Сара тврди дека акните не можела да ги сокрие ниту со најдобрата шминка. Таа престанала да дава онлајн часови за групни тренинзи откако еден клиент го прокоментирал нејзиниот изглед. Рекол дека дури одлучил да ја бојадиса својата коса за да може на сите да им го сврти вниманието од нејзиното лице за време на тренингот.

Со оглед на тоа дека се хранела нездраво и дневно јадела и по неколку сендвичи со шунка, а и често пиела чај со шеќер, одлучила сето тоа да го исфрли, откако на интернет нашла специјална диета. Клучната работа што ја направила Сара е тоа што одлучила белиот леб да го замени со некои здрави алтернативи, а резултатите биле изненадувачки, бидејќи шест недели подоцна таа имала целосно чиста кожа.

„Многу ми недостига белиот леб, но оваа жртва вреди за резултатите. Неверојатно е да си ја вратите самодовербата и да се чувствувате пријатно“, истакнала Сара за британските медиуми.

Фитнес инструкторката открила дека периодот со ужасната кожа бил едно исклучително непријатно искуство поради што често плачела.

„Чувствував дека сум како чудовиште и бев целосно уништена. Исто така, лицето ме болеше на допир и не можев да спијам со лицето свртена кон перницата. Прво мислев дека имам алергиска реакција бидејќи по неколку дамки ми се појави осип, но дерматологот констатираше дека сето тоа се акни. Терапијата која ми ја даде дерматологот не даде резултати“, раскажала таа.

Бидејќи не знаела што да прави, таа решила да побара совет во една група на социјалните мрежи. Една жена ја советувала да спроведе диета со низок гликемиски индекс, бидејќи претходно и таа имала сличен проблем, па го решила преку храната.

Кон крајот на јуни Сара почнала со диета, а веќе во август кожата ѝ била чиста. Фитнес инструкторката сега внимава на исхраната и тренира шест пати неделно.

„Диетата е како стабилизатор, таа спречува скокови на шеќер и има силен ефект на нашите хормони. Акните се вообичаени и може да се појават и кај мажите и кај жените, но луѓето тоа не го сфаќаат“, истакнала Сара додавајќи дека сега е целосно задоволна со себе.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7