ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/13/22 5:00 PM

Знаци кои покажуваат дека вашето дете не треба да спие преку ден

Постојат три знаци кои укажуваат дека вашето дете е спремно да престане да спие во текот на денот, смета медицинската сестра Џејн Бери.

Таа вели дека кога детето ќе престане да си ги трие очите во оној дел од денот кога вообичаено одмора, тоа е еден од првите знаци.

„Ако вашето дете делува свежо и будно кога инаку би требало да одмора, следете го тој знак. Важно е и понатаму да внимавате на знаците кои укажуваат на потребата за спиење. Некои денови можеби сепак ќе му треба малку тишина и одмор“, вели медицинската сестра.

Општоприфатена е вистината дека секој родител го сака периодот кога детето одмора, па поради тоа може да настојува таквиот период да продолжи што повеќе. Сепак, ако детето со текот на времето го поместува вечерното спиење од 19 на 22 или 23 часот, тоа би можело да биде знак дека попладневниот одмор не му е потребен,

Друг знак кој упатува на ова е смиреноста на детето дури и кога е изморено. Ако вашето дете добро се однесувало на некоја забава или пак во супермаркет, а во вечерните часови нема нервоза и покрај тоа што претходно не спиело, можеби станува збор за тоа дека веќе нема потреба од дремка во текот на денот.

Секој период на промени во рутината може да ја исфрли од колосек теоријата за укинување на дневиот одмор, па затоа Џејн советува да бидете флексибилни и спремни да се прилагодите на потребите на детето.

„Сите деца може да имаат корист од тоа да поминат дел од денот во мир и тишина“, вели Џејн. Значи, дури и ако вашето дете не спиело во текот на денот, не занемарувајте ги предностите кои може да му ги донесе тој еден час мир во неговата соба – додава таа.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1