ММС

Објавено на: 10/14/21 7:00 PM

Што е есенска витаминска бомба и како да се храниме кога е студено – Со Лолита Спирова, прехранбен технолог за шарената трпеза

Есента е тука, а исто така и вкусното есенско сезонско овошје и зеленчук. Како што се менува изборот на гардероба со годишните времиња, така е и со нашата исхрана. Во ова време од годината кога опаѓаат температурите, доаѓа и промената и потребни ни се свежите есенски сезонси производи – вели во интервју за ММС, Лолита Спирова, прехранбен технолог и фитнес инструктор.

Со неа зборуваме за тоа како да ја направиме есенската трпеза шарена и здрава, кои плодови да ги конзумираме и на што да обрнеме највеќе внимание кога станува збор за храната во есенските месеци.

-Трпезата може да ја збогатиме со сезонски вкусни јадења без разлика дали е тоа полн оброк или десерт како што се супи или манџи од компир, зелје некој вкусен здрав колач од јаболки и цимет кои верувам дека на секој од нас ни се омилени. Треба да обрнеме најмногу внимание и да се храниме со сезонска храна заради многу причинии и не само што јадењето сезонска храна од локално потекло е одличен начин да и’ помогнеме на животната средина, туку честопати е и поевтина опција.

Што би било најдобро да се јаде, кога станува збор за нашето поднебје? Кое овошје, или кој зеленчук е најдобро да се консумира, во однос на она што се одгледува од самите наши земјоделци?

-Кај нас во Македонија сезонски есенски производи коишто е најдобро да се конзумираат се: коренест зеленчук: моркови, тиква, компир, цвекло, потоа зелен зелнчук: брокула, спанаќ. целер, марула, зелка, зелје, моѓе да се јадат мешунки: грав, леќа, наут, но и овошје: јаболка, киви, круши, калинка.

Како да ја консумираме здравата храна, во смисла на тоа да внимаваме дали таа е да е варена, печена, пржена…?

-Јас искрено ни како дете не сум сакала многу мрсна и пржена храна и без проблем би јадела и без масло и сурово приготвено.  Но тоа не значи дека пржената храна е нездрава, нормално и пржената храна има добри нутритивни вредности, а и факт е дека го подобрува вкусот. Важно е да се напомене дека и варената и пржената храна имаат здраствени придобивки за секого, вклучувајќи ги и оние кои што страдаат од хронични заболувања. Проблемот е што кај нас не го знаеме редот со масло за готвење. Дали би верувале дека со една лажица сончогледово масло можете да испржите две јајца?

Што значи есенска витаминска бомба ? Во овие месеци станува популарно цвеклото, па дали него особено треба да го комбинираме со други овошки или зеленчуци? Дали една витаминска бомба за време на есен подразбира салата,  или можеби смути и што пред се’ би требало да вклучиме?

-Есенска витамниска бомба всушност значи комбинација на едно или микс од свежо овошје или зеленчук со цел зајакнување на имунитетот и дополнителна заштита на организамот од вируси и бактерии. Цвеклото го заслужува своето место меѓу есенскиот зеленчук поради многуте позитивни ефекти. Јас цвеколото би препорачала да го јадете во комбинација со друго овошје или зеленчук на многу различни начини. На пример можете да пиете сок од цвекло промешан со сок од моркови, краставица и јаболка. Во витманиска бомба се подразбира салата, смути, цедени сокови и во истите би препорачала да бидат вклучени есенски сезонски производи како моркови, цвекло, марула, зелка, семки од тиква …

Во период кога се очекува сонцето да не биде веќе толку интензивно, како преку храната да го внесеме витаминот Д? Кои намирници би ни помогнале во тоа?

-Намирници кои во својот состав содржат витамин Д, а воедно ја и задоволуваат потребата во нашиот организам се: жолчки од јајца, сардина, туна, лосос, кравјо и растително млеко збогатени со витаминот Д.

Освен храната, како во зајакнувањето на имунитетот би можеле да ги вклучиме топлите напитоци сега кога температурите праѓаат? Дали се препорачува какао или салеп и кои чаеви би биле најдобра опција?

-По завршувањето на летната сезона и заминувањето на т.н. ,,ладна‘‘ храна како сурово овошје и зеленчук, салати и  ладни пијалоци така сега со опаѓањето на температурите треба да го храниме и загремее нашето тело одвнатре, а на тој начин ќе го зајакнеме имунолошкиот систем и ќе  ја зголемиме нашата енергија. Граѓаните можат да се стоплат со чаша салеп и какао во секое време, а за најдобар чај за зајакнување на имунитетот би препорачала комбинација од нане, ѓумбир и мед.

Со оглед на тоа дека сте познавач на здравиот начин на живот и преку вежбање, какви физички активности би им препорачале на луѓето сега кога заладува? Дали тоа да биде пешачење, или можеби некои поедноставни вежби во домот?

-Секоја физичка активност е добра, па дури и аеробна активност со умерен интензитет како што брзо одење  или вежбање поедноставни вежби дома е секогаш подобра опција отколку да не правиме ништо.

За крај – може ли да ни кажете каква е поврзаноста на здравата исхрана со физичката активности? Дали физичката активност го забрзува метаболизмот,  помага за полесно варење и слично? Колку е важно во животот да го имаме и едното и другото?

-Мојата цел како млад прехранбен технолог е да го поттикнам размислувањето кај луѓето кон здрав ум, тело и дух и сето тоа да го постигнам преку здрава исхрана и физичка акитвност се до најефикасна рутина. Од добар персонализиран план за исхрана со добри состојки и физичка активност доаѓа до добра рутина, а тука е и балансот и поврзаноста на здравата исхрана и физичката активност. Редовната физичка активност е една од најважните работи што можете да ги направите за вашето здравје.

Здраствените придобивки од физичката активност освен што помага за забразување на метаболизамот, полесно варење на храната помага и во намалувањето ризични болести, ги зајакнува мускулите и коските, помага во регулирање на телесната тежина, помага во подобрување и на психичката активност, односно ја подигнува самодовербата, го зајакува имуниот систем и тн. И не е ништо страшно ако подолго време не сте биле физички активи и може се прашувате и не знаете како да започнете би додадала дека на секого во секое време можам да му помогнам. Би рекла дека многу е важно во животот и се подеднакво битни и физичката активност и здравата исхрана за нашето здравје без разлика на возраст, ниво на физичка актиност и слично.

Вања Мицевска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1