ММС

Објавено на: 07/8/21 11:46 AM

Летни правила: Што не смеете да конзумирате пред пливање?

Постојат некои летни правила, а едно од нив е поврзано со исхраната пред пливање. Имено, постои храна која не треба да се јаде пред да пливате, но важно е да се напомене и дека не треба да влегувате во вода половина час откако сте јаделе.

Зачинетата храна е опасна бидејќи телото е во хоризонтална положба додека пливате, па може да почувствувате киселини во стомакот, а зачинетата храна само ќе ја влоши ситуацијата. Затоа пред пливање не конзумирајте зачинета храна.

Овошните сокови и газираните пијалоци може да доведат до надуеност и грчеви.

Алкохолот ја намалува способноста за брза реакција и проценка, а тоа може да биде опасно додека пливате.

Исто така, не јадете леќа, грав или грашок бидејќи содржат многу влакна кои се добри за здравјето, но може да предизвикаат грчеви, а тоа може лошо да се одрази врз уживањето на плажа.

 

Извор:  svetplus.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1