МВР информира дека вчера вечерта, пред полноќ битолчанец пријавил дека го нападнала штипјанка, со која претходно бил во љубовна врска.
-На 10.08.2025 во 23:40 часот во СВР Штип, Р.Т. (21) од Битола пријави дека околу 22:00 часот на ул.„Сремски фронт” во Штип, бил физички нападнат од Д.Б. од Штип, со која претходно бил во љубовна врска. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
МВР исто така информира дека 10 минути по полноќ битолќанецот бил повторно нападнат.
-Денеска (11.08.2025) во СВР Штип е пријавено дека околу 00:10 часот на ул.„Гоце Делчев” во Штип, Б.Б. (19) од Штип се обидел физички да го нападне Р.Т. (21) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.