Четиринаесетгодишниот Муханад Еид починал во саботата откако кутија со хуманитарна помош фрлена од воздух падна врз него, во западниот дел од кампот Нусајрат во централна Газа.
Момчето беше погодено и прогласено за мртво по пристигнувањето во болницата. Уште неколку лица беа повредени во инцидентот, објавува „Харец“.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) кон крајот на јули објавија дека ќе создадат „хуманитарни коридори“ и ќе дозволат помошта да се фрли од воздух врз енклавата. Сепак, како што објавува „Харец“, хуманитарните работници велат дека ситуацијата со гладот во Газа едвај се променила.
-Има малку повеќе храна, но тоа е капка во океанот. Не влегуваат доволно камиони, а оние што влегуваат се ограбени – изјави за „Харец“ минатата недела заменик-портпаролот на УНИЦЕФ, Рикардо Пирес,пренесува блиц.рс.