МВР информира дека вчера попладне се случил верижен судирна патот Гостивар -Кичево.
-На 03.08.2025 во 13:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на влез за селото Тајмиште, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(45) од селото Љубојно, ресенско, товарно возило „фолксваген” со тетовски регистарски ознаки, управуван од В.Ј.(38) од селото Раковец, општина Боговиње, патничко возило „опел” со германски национални ознаки, управувано од Љ.С.(40) од с.Пршовце, општина Теарце и патничко возило „фолксваген артеон” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(39) од селото Црешево, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Б., констатирани во Медицински центар Кичево. Увид изврши, увидна екипа од ОВР Кичево, информираат од МВР.