Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди руските Курилски Острови во Тихиот Океан денеска, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил на околу 270 километри од Камчатка, а епицентарот бил на длабочина од 53 километри. Камчатка беше погодена од најсилниот земјотрес од 1952 година, со магнитуда од 8,8 степени. По земјотресот беше издадено предупредување за цунами за делови од Русија и низ Тихиот Океан, а жителите беа повикани да се евакуираат од крајбрежните области во областите со висок ризик.
Вулканот Кључевска Сопка во Камчатка почна да исфрла лава откако силен земјотрес го погоди регионот, објави огранокот на Камчатка на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките (РАН).
Огранокот на Камчатка на руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека по ерупцијата на вулканот е забележан облак од пепел кој се искачил до 6.000 метри. Самиот вулкан е висок 1856 метри.
New video shows absolutely stunning footage of Krasheninnikov erupting after 600 years.
On August 2, 2025, it recorded its first-ever eruption, with ash soaring up to 5-6 km high. Scientists believe it may be linked to the recent M8.8 earthquake.
📍 Kamchatka, Russia. pic.twitter.com/1CKiSXbeRM
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) August 3, 2025
Ерупцијата на вулканот е обележана со портокалов код за авијација, што укажува на зголемен ризик за авионите, објави министерството. Ноќната ерупција на вулканот Крашениников на Камчатка, прва по 600 години, може да биде поврзана со масовниот земјотрес што го погоди рускиот Далечен Исток минатата недела, објавија руската државна новинска агенција РИА и научниците.
„Ова е првата историски потврдена ерупција на вулканот Крашениников по 600 години“, ја цитираше РИА Олга Гирина, раководител на тимот што ги следи вулканските ерупции во Камчатка.
Rusia: Tras el terremoto de 8.8 en Kamchatka, el volcán Klyuchevskaya Sopka entró en erupción. pic.twitter.com/QFC0rLEMPU
— Realidad internacional (@realidad_int) July 30, 2025
Таа додаде дека ерупцијата може да биде поврзана со земјотресот од среда, кој предизвика предупредувања за цунами дури до Француска Полинезија и Чиле, по што следеше ерупцијата на Кључевској, најактивниот вулкан на полуостровот Камчатка.
На Телеграм каналот на Институтот за вулканологија и сеизмологија, Гирина рече дека Крашениников последен пат исфрлил лава во 1463 година – плус/минус 40 години – и оттогаш не е регистрирана никаква ерупција, пренесува Н1.