СВР Охрид информира дека вчера се случила тепачка помеѓу српска туристка и охриѓанец.
-На 30.07.2025 во угостителски објект лоциран на плоштадот „Св.Климент Охридски” во Охрид, приведени се Т.С.(25) од Република Србија и Г.М.(49) од Охрид поради меѓусебна физичка пресметка, во која Т.С. со нож го нападнала Г.М.. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Од извори блиски на истрагата ММС дознавца дека станува збр за расчистување на недоразбирање.
-Таткото се обидел да реши вербален спор меѓу девојката и неговиот син, но и тој за малку ќе настрадал, велат извори од истрагата.