Државниот инспекторат на Република Хрватска издаде итно предупредување до потрошувачите поради повлекувањето на популарна бомбона од пазарот.
Станува збор за производот elly Strip XL Assorted 300g – желе сламки од брендот Јин Јин, кој е итно повлечен од продажба бидејќи содржи прехранбени адитиви Е407, Е410 и Е415. Наведените адитиви не се дозволени според европските прописи за безбедност на храната, поточно според Регулативата (ЕЗ) бр. 178/2002, која ги дефинира основните правила за безбедност на храната во рамките на Европската Унија.

Хрватската агенција за земјоделство и храна (ХАПИХ) потврди дека споменатата бомбона не ги исполнува законските барања и дека затоа мора веднаш да се повлече од пазарот.
Хрватскиот државен инспекторат ги повика сите граѓани да проверат дали го имаат овој производ дома и да не го консумираат, пренесува сарајево.ба.