Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје, а пристигна и конвојот од сковенечки пожарникари со 18 возила. .
-Хелихоптерот денес ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна. Санува збор за моќен хеликоптер со ведро од 3,4 тона. Утрово, на аеродромот во Скопје посадата на чешкиот Блек Хок имаше оперативен брифинг одржан од старешини од армискиот воздухопловен ВИНГ и беше запознана со пожарот на планината Готен од беровската страна. Најпогоден извор за полнење вода е вештачкото езеро Турија кое е оддалечено само десетина километри воздушна линија од пожарот. Хеликоптерот и набргу ќе полета, информираат од ДЗС и додаваат:

-Конвојот со 61 словенечки пожарникар со 18 возила, меѓу нив и специјални теренски возила со опрема за справување со шумски пожари, е веќе во близина на Берово, велат од ДЗС.