Вчера од СВР Охрид при проверка во сообраќајот упсиле 10-тина возачи кои возеле пијани.
-На 27.07.2025 во 01.15 часот на улица „Јусуф Грвала” во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Д.В.(32) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „рено” со кавадаречки регистарски ознаки, и при извршено алкотестирање констатирале дека тој го управувал возилото со 1,81 промили алкохол во крвта. Тој бил веднаш исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”, информираат од СВР Охрид и додаваат:
-На 26/27.05.2025 од 23.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале возачи кои управуваме моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-05, Струга-01, Кичево-03, Дебар-03). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај и поднесени им се соодветни платни налози, се вели во соопштението.