Уапсени се три жени, кои снимале порнографски снимки од дете од три години.
-На 26.07.2025 во 16.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.Ќ.(31) од Република Албанија, со живеалиште во гостиварско, нејзината сестра М.Ј.(22) тетовско, додека на 27.07.2025 од слобода била лишена и нивната пријателка Е.И.(23) од тетовско, постапувајќи по претходна пријава од 34-годишниот сопруг на А.Ќ. дека во периодот додека престојувале во Италија, А.Ќ., М.Ј. и Е.И. снимиле и му пратиле видео снимки со порнографска содржина од неговиот тригодишен син. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок по членовите 201 и 193-а од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека спрема нејзините две деца – девојче родено 2015 година и момче родено 2022 година, сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Таа исто така се сомничи и за – Производство и дистрибуција на детска порнографија согласно член 193-а став 1, додека две други жени се осомничени за – Силување на децата кои не наполниле 15 години предвидено во член 188 од Кривичниот законик.
-Триесетгодишната мајка грубо ја запоставила својата должност за грижа за децата и дозволила двете 22-годишни жени да извршат полови дејствија со нејзините деца. За тоа време, мајката настанот го снимала со мобилен телефон, а видеото со детска порнографија преку апликација ја испратила на нејзиниот сопруг кој се наоѓал во Италија, информираат од ОЈО.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за трите осомничени.