Во време кога темперагтурата е над 40, а големдел од населбите во Скопје се жалат дека со денови немаат вода, градоначалничката на Скопје, Данеа Арсовска, објави виде на Фејсбук на кое се гледа како, како што пишува таа, инспектор во МВР диво приклучува вода.
Диви приклучоци во Скопје има и не им се знае бројот, од нив со чиста вода за пиење се поливаат дворови, се полнат базени, а вода во Рашче има се помалку и помалку.
-Град Скопје при вонредна теренска контрола, затекна лице ( инспектор во МВР) кој во тој момент нелегално се приклучува на мрежа на ЈП „Водовод и канализација“, постапка што претставува кривично дело и директна штета врз јавниот имот. Воедно од инспекторот на МВР физички и вербално беа нападнати советничката Ирена Витина и уште едно лице од инспекторатот на град Скопје, пред очите на униформирани полицајци кои не постапуваа при нападот каде сторител беше нивниот колега инспектор од МВР, информираат од Град Скопје, а своја објава на социјалните мрежи има и градоначалничката Данела Арсовска.
-Водата е природен ресурс, не се произведува во фабрика, извира од природата. Не е до мрежата, не е до цевките, едноставно од природниот извор на градот и дополнителниот бунарски систем нема капацитет да извира питка вода колку што дел од жителите трошат. Рашче сред суша со високи температури има намален капацитет, а потрошувачката во изминатиот месец на дневно ниво е рекордна 356.000 м3 на ден, што би значело потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител, пишува Арсовска.