Три лица загинаа ноќеска откако автомобил се забил во маса во ресторан покрај патот во бугарскиот град Разград. Возилото го управувал 19-годишен маж кој ја изгубил контролата врз автомобилот.
Жртвите се на возраст од 64, 52 и 68 години и биле гости во ресторанот. Едниот е државјанин на Северна Македонија, но живеел во Бугарија, пренесува нова.бг.
Првичните тестови за алкохол и дрога на 19-годишниот возач се негативни. Земени се и примероци од крв за хемиска анализа. Неговите родители тврдат дека нивното дете не користи забранети супстанции. Според нив, причина за трагедијата е лизгав асвалт по обилниот дожд.
Инцидентот се случил откако возачот се обидел да престигне речиси 50 метри пред ресторанот. Тој возел по левата страна од патот, речиси до тротоарот каде што се наоѓа ресторанот. Од нејасни причини, тој ја изгубил контролата врз автомобилот и удрил во масата на последниот чадор, каде што седеле тројцата мажи.
Возачот имал околу една година искуство зад воланот. Утврдено е дека автомобилот е во сопственост на неговиот татко.