Во гимназиите „28 ноември“ во Дебар и „АТА“ во Центар Жупа, во првиот уписен рок, во прва година, за учебната 2025/2026 година, пополнети се само 128 од предвидените 272 ученички места.
-Во нашата образовна институција во двете пријавувања, од првиот уписен рок од предвидените 204 ученички места пополнети се 105. Гледано одделно по наставен јазик, на македонски се 23 од предвидените 68, додека на албански 82 од предвидените 136 ученички места, рече за МИА, Афрона Леши, професорка и одговорна за упис во гимназијата во Дебар.
Тоа значи дека за вториот, августовски рок, можност за упис имаат 99 завршени деветооделенци, 45 на македонски и 54 на албански наставен јазик.
Во гимназијата во Центар Жупа, предвидената квота е 68 ученици во две паралелки, односно по 34 ученици на двата наставни јазика.
– Во првиот уписен рок во нашата гимназија запишани се 23 ученици во прва година. Од нив четворица се за паралелката со настава на македонски и 19 за турски наставен јазик. Тоа значи дека слободни се 45 од кои 30 на македонски и 15 на турски наставен јазик, информираше за МИА, директорот на гимназијата Сабри Асан.
За вториот уписен рок, како и изминатите години, во двете гимназии, очекуваат да биде намален минимумот поени за упис.